Лавров и Рама подржуваат дијалог за Косово, но Русија бара формирање на ЗСО, а Албанија признавање од Србија

Од:

Конфликтот Русија – Украина, прашањето околу дијалогот на Косово со Србија, но и соработката меѓу двете земји беа теми на дискусија за време на средбата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и албанскиот премиер Еди Рама, наведува телевизијата Ора њуз.

На заедничката прес-конференција, Лавров го посочи Косово, при што рече дека Москва го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија.

„ОБСЕ може да стори повеќе за усогласување на малцинските интеграции, етничките малцинства, за борбата против антисемитизмот. Ние го поддржуваме пристапот за Украина. Разговаравме и за Западен Балкан, особено за Косово. Го поддржуваме дијалогот, косовското прашање мора да биде решено во согласност со меѓународното право. Страните треба да изнајдат договор, а клучен фактор за да се продолжи напред е спроведувањето на одлуката за создавање заедница на српски општини (ЗСО)“, изјави Лавров.

Тој додаде дека со Албанија има простор за економски и трговски развој, но „ограничен е поради санкциите“. „Ние сме заинтересирани“, да ги зголемите стипендиите за албански студенти“, нагласи Лавров,

Премиерот Еди Рама, од своја страна, откако ја разјасни позицијата на Албанија во однос на Русија, рече дека за косовското прашање е важно Србија да ја признае неговата независност.

„Многу е јасно која е нашата позиција како Албанија, и моја како премиер. Ние сме горда членка на НАТО и горд сојузник на САД и ЕУ и стоиме целосно во согласност со нашите големи пријатели кога станува збор за прашањата што министерот ги наведе како санкции. Во исто време, сакаме да кажеме дека е многу јасно за нас како претседавач на ОБСЕ дека се трудиме и ќе се обидеме до крај да не бидеме директно вклучени во косовското прашање. Позицијата на албанската влада и мојата е многу јасна. Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите и секако за самата Србија“,изјави Рама.

Тој додаде дека „задоволство е да зборува според живата енциклопедија на руската дпломатија“, нагласувајќи дека како претседавач со ОБСЕ е свесен за потребата да биде искрен посредник.

„Целосно сум тука во духот на дијалогот и можната соработка, во тој дух се осврнавме на голем број клучни прашања кои се на агендата на ОБСЕ кои влијаат на безбедноста на нашиот регион. Полесно е да се каже отколку да се направи. Но, не е така лесно да се реализраат на одржлив начин. Ни требаат напори за спроведување на обврските. Она што го видов во зоната на конфликтот не беше ништо помалку од чувството како да сте гледале голем холивудски филм. Ние ќе ги поддржиме сите напори да се оди кон мирно решение. Спроведувањето на Договорот од Минск е од суштинско значење за да се оди напред“,посочи Рама.

Рама во Москва е во својство на претседавач на неговата земја со Организацијата за безбедност и соработка во Европа,ОБСЕ.

Тој е прв албански премиер кој ја посетува Москва по две и пол децении, кога во 1995 година во посета на Москва беше тогашниот премиер Александар Мекси.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, на 20-ти минатиот месец, Рама беше во посета на Украина.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он