Лавров доаѓа во Белград на почетокот на јуни

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе пристигне во Белград во вторник на 7 јуни, јавуваат српските медиуми.

Тој ќе има средби со српскиот државен врв, а се очекува на средбата со претседателот Александар Вучиќ на маса да бидат сите горливи теми, од настаните во Украина и позицијата на Србија кон оваа криза, преку ситуацијата во регионот и економската соработка во светло на санкциите што Западот ги воведе кон Москва.

Ова е прва посета на висок руски функционер на Србија од избувнувањето на украинската криза, а доаѓа во време кога Европската унија го подготвува најтешкиот пакет санкции, што Србија како единствена во Европа, досега не се приклучила.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Вучиќ: На Србија и претстојат тешки денови

Горан Наумовски

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски