Лајен: Нашата врата е отворена за Западен Балкан

Од:

Именуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претставувајќи ја програмата на новата Европска Комисија, порача дека вратата на ЕУ останува отворена за земјите од Западен Балкан.

– Треба да им покажеме на нашите пријатели од Западен Балкан дека споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и ја делиме истата судбина. Нашата врата останува отворена, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека е задоволна што нејзиниот тим има искусни дипломати како Жозеп Борел и Оливер Вархелји, кои ќе ги промовираат и штитат интересите на ЕУ и ќе ги поддржуваат партнерите на ЕУ.

– Ние ќе ги зајакнеме нашите партнери преку соработка, бидејќи силните партнери ја прават ЕУ силна, истакна Фон дер Лаејн.

Покрај Западен Балкан, што беше прва точка во презентирањето на програмата на новата Европска комисија, новата претседателка се фокусираше на заштитата на климата, улогата на ЕУ во надворешните работи, трговијата и економијата на ЕУ, дигитализацијата и иновациите.

Таа истакна дека ЕУ ќе добие геополитичка Комисија, која и е „итно потребна“.

– На земјите од Исток, Запад, Југ и Север им е потребен вистински партнер во ЕУ“, рече Фон дер Лајен.

Таа потенцираше дека ЕУ не е само политика. закони и пазари, туку на прво место се луѓето и нивните аспирации за слобода, вредности и подобра иднина.

– Во текот на следните пет години, ќе работиме на трансформација на секој дел од нашето општество и економија, рече идната претседателка на ЕК.

По излагањето на Фон дер Лајен и дебатата, европските парламентарци ,ќе гласаат за давање мандат на целата Европска комисија, вклучувајќи ја и претседателка, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел и назначените 25 комесари.

Доколку го добие очекуваното „зелено светло“ од Европскиот парламент, Европската комисија ќе почне со работа на 1 декември.

Би можело да ве интересира

Лајчак: Следните месеци клучни за односите на ЕУ и Западен Балкан

Ана Ололовска

Пленковиќ: На Самитот на ЕУ во Загреб ќе се даде временска рамка за Западен Балкан и за методологијата

Ана Ололовска

Еурактив: Лајчак нов пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Ана Ололовска

Радман за проширувањето кон Западен Балкан: Ќе поддржиме тоа што е реално

Ана Ололовска

Пицула: Блокадата на Макрон непланирано го врати фокусот на ЕУ на Западен Балкан

Ана Ололовска

„Њујорк тајмс“: Балканот не е подготвен за голем земјотрес

Ана Ололовска