Лајчак: Земјите од Западен Балкан да ја искористат можноста

Од:

Специјалниот пратеник на Европска Унија за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак денеска истакна дека војната во Украина го врати процесот на проширување на политичка агенда и оти тоа е можност за земјите од Западен Балкан.

Тој, пред почетокот на денешниот Самит за демократија во Југоисточна Европа што се одржува во Будва, истакна дека војната во Украина променила се и донесе последици со кои сите мора да се соочат.

– Регионот не е сам. ЕУ е со Вас и ви помага да ги надминете последиците од војната, без оглед дали се работи за економија или социјално влијание. Имаме план како да им помогнеме на земјите од Западен Балкан. Проширувањето се заснова на заеднички вредности и важно е земјите од регионот да ги покажат тие заеднички вредности. Регионот не може да чека, тоа ни е јасно, посочи Лајчак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан