Лајчак: Во тек е разговор со Петковиќ и Бислими

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека во тек се разговори со главните преговарачи на двете страни Петар Петковиќ и Бесник Бислими.

„Денеска бев домаќин на главните преговарачи од Белград и Приштина како продолжение на дијалогот што се водеше на високо ниво. Искрено се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме решение за да ги деескалираме тензиите на терен и да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек“, објави Лајчак на Твитер.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано претходно денеска соопшти дека Бисилими и Петковиќ, доаѓаат во Брисел на покана на европските институции со цел да најде решение за регистарските таблички.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов