Лајчак во ненајавена посета на Приштина

Од:

Специјалниот пратеник на Европска Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак попладнево допатува во ненајавена посета на Косово и веднаш замина во Владата на средба со премиерот Албин Курти.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата ја објави портпаролот на косовската влада, Перпарим Криезиу, кој на неговата страница на Фејсбук напиша дека тоа е причината поради која Курти ја напушти седницата на Собранието на Косово, на која се дебатира за актуелниот штрајк во образованието.

– Премиерот Курти од 14 часот е на средба со Специјалниот пратеник на Европската унија, Мирослав Лајчак. Потоа ќе ја продолжи дневната агенда со официјални средби. Ова е причината зошто не можеше да остане подолго во Собранието, напиша Криезиу.

Засега нема никаква информација за целта на посетата на Лајчак, додека медиумите шпекулираат дека се подготвува нова средба на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски