Лајчак: Во Белград не доаѓам со ултиматум

Од:

Во ексклузивно интервју за Танјуг, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во пресрет на посетата на Србија на 3 и 4 март порача дека не доаѓа во Белград со „ултиматум“, како и дeka Србија не треба да се плаши од обновената соработка меѓу ЕУ и САД за решавање на косовското прашање. Тој додаде дека е убедени дека има простор во кој Белград.и Приштина би можеле да се договорат за меѓусебните односи.

-Не е тајна дека ЕУ очекува да продолжи дијалогот и дека и за Белград и за Приштина – тој е неизбежен на патот кон ЕУ. Унијата е тука, подготвени сме да ги донесеме двајцата лидери во Брисел и сега се поставува прашањето кога тоа ќе се случи. Сакам да го слушнам одговорот на тоа за време на мојата посета, изјави Лајчак.

По повод најавите во медиумите дека доаѓа во Белград со т.н. нон-пејпер што содржи еден вид ултиматум за српските власти, Лајчак кажа дека секогаш пред неговото пристигнување се појавувале „шпекулации и големи очекувања“.

Неговите очекувањата кога станува збор за ангажман и конструктивност на косовска влада, која ќе ја претставува победникот на изборите, Албин Курти, специјалниот претставник на ЕУ оцени дека Курти добро знае што се очекува од него и дека неговите први изјави за продолжување на дијалогот не треба да се драматизираат.

Гледајќи ја идната соработка со новата администрација во Вашингтон околу дијалогот Белград-Приштина, Лајчак оцени дека тоа не е „ново партнерство“, туку враќање на „старата соработка“, за која рече дека има долга и успешна традиција на Западен Балкан.

Запрашан како ЕУ, како главен посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, гледа на американското инсистирање на „меѓусебното признавање“, Лајчак изјави дека целта на дијалогот е нормализирање на односите и дека Белград и Приштина се страните кои треба да се договорат „што е тоа нормализација и што е тоа нормално“.

-Мислам дека одговорот на ова прашање не е премногу тежок, кажа Лајчак.

Запрашан каде гледа простор за компромис во дијалогот и инсистирањето на Приштина на „меѓусебно признавање“, и на Белград за „нема да има признавање на Косово“, Лајчак вели дека „гледа простор за договор и нормализирање“.

-Има простор за нормализирање на односите и има простор за постигнување договор што ќе ги реши сите отворени прашања и ќе ги забрза европските патишта на Србија и Косово. Јас сум апсолутно убеден во тоа, изјави Лајчак.

Тој повтори дека целта е постигнување на сеопфатен договор што ќе ги реши сите отворени прашања меѓу двете страни, вклучително и „договорите за новите прашања“ и веќе постигнатите договори кои сè уште не се спроведени “како што е Заедницата на српски општини”.

Би можело да ве интересира

Србија се поблиску до колективен имунитет, вакцинирани речиси три милиони граѓани

А1он

Србија размислува за воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници

Ана Ололовска

Во Србија од понеделник се отвораат трговските центри, учениците се враќаат во училиштата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голем пожар во Ниш, изгореа бараки во кои живееја десет семејства

Жарко Настоски

Лечиќ се огласи преку агенција: Му се слошило кога слушнал дека пак го обвинуваат за силување

Жарко Настоски

Лончар: Се чека одлука за задолжителна вакцинација на здравствените работници

Ана Ололовска