Лајчак: Нема да го признаеме Косово

Од:

Потпретседателот на владата на Словачка и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак по повод самитот во Братислава на кој ќе присуствуваат и претставници на Приштина изјави дека Словачка не го смени својот став по прашањето за признавање на независност на Косово, но посакува европска перспектива за целиот регион.

-Не го сменивме нашиот став. Позицијата на Словачка е да не го признае Косово, но посакуваме европска перспектива за целиот регион. Никому не му е од интерес да постои црна дупка, каде што не владеат правото, законот и соработката. Нашиот став тука е постојан- изјави Лајчак за „Вечерње новости“.

Словачка во среда и четврток ќе биде домаќин на лидерите од централна, источна и југоисточна Европа, а на самитот треба да присуствуваат и претставници од Белград.

-Веруваме дека состанокот во Братислава ќе биде можност за разговор, за клучни политички, економски, социјални и безбедносни прашања поврзани со посткризниот развој на регионот и Европа. Очекуваме учество на 20 шефови на држави, вклучувајќи ги и претседателите на Србија и Косово, Томислав Николиќ и Атифете Јахјага – истакана Лајчак.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска