Лајчак и Палмер заедно се сретнаа со косовската претседателка Османи

Од:

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања и за Западен Балкан и Егејот, Метју Палмер, кои денеска допатуваа во дводневна официјална посета на Косово, попладнево заедно заминаа на средба со косовската претседателка, Вјоса Османи.

Претходно двајцата диломати се сретнаа со лидерите на двете најголеми опозициски партии во земјата, Љумир Абдиџику од Демократскиот сојуз (ЛДК) на Косово и Енвер Хоџај од Демократската партија на Косово (ПДК).

Од канцеларијата на ЕУ и од амбасадата на САД во Приштина соопштија дека Лајчак и Палмер, освен со Османи, ќе се сретнат и со премиерот Албин Курти, со првиот вицепремиер, задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими и со втората вицепремиерка и шефица на косовската дипломатија, Доника Грвала. Тие исто така ќе имаат средби и со претставници на меѓународната заедница и со шефовите на мисиите на ЕУ во Косово.

Од канцеларијата на ЕУ соопштија дека Лајчак и Палмер ќе информираат за текот на посетата преку заеднича прес-конференција, која ќе ја одржат утре претпладне во седиштето на мисијата на ЕУ во Приштина.

Посетата на претставниците на ЕУ и на САД задолжени за Западен Балкан се случува во пресрет на најавеното продолжение на дијалогот за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, кое треба да се одржи во текот на месец јуни во Брисел, со средба на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски