Лајчак денеска во Приштина, Курти ја потврди средбата

Од:

Посредникот на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува денеска да допатува во официјална посета на Косово, каде што, меѓу другото, ќе се сретне со лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Информацијата дека ќе се сретне со словачкиот дипломат ја потврди самиот Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, по убедливата победа на неговата партија на вонредните парламентарни избори на 14 февруари.

– Колку што ми е познато, во агендата ја имаме и средбата со Лајчак, така што можам да кажам дека ќе биде, изјави кратко лидерот на ВВ за РТВ Беса.

Курти по изборната победа, на која ВВ освои 47.85 отсто од гласовите, изјави дека за Владата што тој ќе ја формира дијалогот со Белград, иако е значајно прашање, нема да биде меѓу првите шест или седум приоритети. Подоцна рече дека сепак преговорите со Србија се четврти или петти приоритет, што беше поздравено од Брисел како охрабрувачка најава.

Лајчак ќе престојува во Косово до среда, 3 март, кога ќе отпатува за Белград, каде што е најавена средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Утредента, на 4 март, во рамки на мандатот и како претставник на ЕУ за земјите од Западен Балкан, ќе отпатува во Црна Гора, по што на 5 март ќе ја заврши посетата на трите земји од регионот.

Според соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Лајчак планира да се сретне со политичките лидери на трите партнери од Западен Балкан, како и со претставници на Унијата на терен.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски