Лајчак денеска во Косово на средба со премиерот Курти

Од:

Специјалниот пратеник на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак ќе престојува денеска во Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата ја објави прес-службата на Владата на Косово, која соопшти дека Курти ќе го пречека Лајчак во неговиот кабинет во 9 часот.

Емисарот на ЕУ вчера престојуваше во Белград, каде што се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого, како што информира, разговарал за изнаоѓање решенија во процесот на нормализација на односите со Косово.

– Во Белград разговаравме за патот кон нормализација како продолжение на дебатата за дијалогот (меѓу Белград и Приштина) со претседателот Александар Вучиќ. Разговаравме и за актуелните прашања, како што е враќањето на косовските Срби во институциите, упатството за електричната енергија и исчезнатите лица (од војната во 1998-99 година), напиша Лајчак на неговиот Твитер.

Се очекува на истите теми да стане збор и на средбата на Лајчак со Курти, а се претпоставуа и дека една од целите на неговата посета на Белград и Приштина е да подготви нова средба на највисоко ниво меѓу премиерот Курти и претседателот Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски