Лајчак: Барикадите на северот на Косово да се отсранат со договор, а не со булдожери

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по средбата со премиерот Албин Курти, изјави дека најдобро е барикадите на северот на Косово да се отстраната со политичко догвор, а не со булдожери.

„Јас сум дипломат, за мене политичките договори се најдобриот начин за отстранување на барикадите, а не булдожерите“, рече Лајчак на прес-конференцијата по средбата на која покрај него и Курти, учествуваше специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Лајчак рече дека имал долга дискусија со Курти, но оти нема да открива детали затоа што е во среде мисија и утре оди во Белград.

„Вечерва ќе се сретнам со командантите на КФОР и ЕУЛЕКС за да ја видам нивната проценка за ситуацијата на теренот, а потоа ќе се обидеме да најдеме можни решенија за ситуацијата на северот“, рече Лајчак.

Тој посочува дека никому не му помагаат тензиите на Косово.

„Мислам дека ниту еден нормален човек не е задоволен од оваа ситуација на северот“, заклучи Лајчак.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Пендаровски – Лајчак: Обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Лајчак: Очекуваме Белград и Приштина целосно да ги спроведат обврските што ги презедоа

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски