Курти: Западот треба да се загрижи поради договорот меѓу Белград и Москва

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти порача дека блискоста на режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ со оној на рускиот лидер Владимир Путин, „треба да ги алармира западните демократски центри“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментарот на Курти уследи по информацијата дека шефовите на дипломатиите на Србија и Русија, Никола Сељаковиќ и Сергеј Лавров, на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржа неделава, потпишале договор за координирање двете држави на планот на надворешната политика.

Коментирајќи ја изјавата на Вучиќ дадена денеска во Вашингтон дека Косово бара да се снабди со артилерија со дострел од над 10 километри, Курти рече дека, за разлика од Србија, која ја води „еден претседател на застрашувања и закани“, Косово има „власт која е демократска, прогресивна и надежна“.

– Со прашањата на одбраната и безбедноста на Косово, ние имаме министер за одбрана и министер за внатрешни работи, но ние сме власт која е демократска, прогресивна и надежна додека се соочуваме со северните соседи, кои ги води еден претседател на застрашувања и закани, кој освен што владее на недемократски начин и не ги признава злосторствата на режимот на (Слободан) Милошевиќ во Косово, исто така одржува тесни врски со Руската Федерација, што го видовме од договорот на министрите за надворешни работи и што треба да ги алармира западните демократски центри, изјави Курти по неговата денешна средба со косовските градоначалници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски

Средба на претседателот Пендаровски со косовскиот премиер Албин Курти

Левица: Косовската владејачка партија директно се меша во внатрешните работи на Македонија