Курти: Зад Србија стои Путин, нова војна на Косово не е исклучена

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека постои можност од избувнување нова војна во Косово, имајќи предвид дека Србија продолжува да ја снабдува својата војска со оружје од Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист‘, што го пренесуваат косовските медиуми, Курти рече дека „би било неодговорно да се каже дека никогаш повеќе нема да има конфликт и војна“.

– Доколку нема подготовки за војна, зошто минатата година Србија и Русија одржаа 104 заеднички воени вежби (на српска територија) од 91 колку што имаа најавено и во исто време ги изведоа двете најголеми вежби, насловени „Славјански штит“ и „Славјанско братство“, изјави Курти.

Одговарајќи на прашањето за неговото спротивставување на формирањето на Заедница на српски општини во Косово, Курти рече дека тоа би претставувало „вовед во создавањето на една нова Република Српска“ во регионот.

Според косовскиот премиер, најопасна работа моментно е тоа што „раководството на Србија ја смета Русија за своја мајка“.

За можноста од нов конфликт во Косово и во регионот, Курти предупреди и во интервјуто што минатиот месец го даде за „Ла Република“, посочувајќи ги врските на официјален Белград, на чело со претседателот Александар Вучиќ со режимот во Москва, предводен од Владимир Путин.

– Ризикуваме војна. Зад Србија стои Путин. Не би рекол дека опасноста е многу висока, затоа што ние го имаме контингентот на НАТО тука, но сигурно дека е висока. Ние сме една демократија која има една автократија на границата, изјави Курти за италијанскиот весник во август годинава.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски

Средба на претседателот Пендаровски со косовскиот премиер Албин Курти

Левица: Косовската владејачка партија директно се меша во внатрешните работи на Македонија