Курти за „Ел Паис“: Шпанија треба да нé признае, Каталонија не е истo што и Косово

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Шпанија треба да ја признае независноста на неговата држава, затоа што, според него, случаите на Каталонија и на Баските не се исти како случајот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за мадридски „Ел Паис“, што го пренесуваат медиумите во Приштина, Курти вели дека признавањето на косовската држава би ѝ помогнало на Шпанија да демонстрира дека случаите не се исти, затоа што „Србија изврши геноцид во Косово“.

– Шпанија треба да се согласи и да го признае Косово. Знам дека има одредени поплаки, меѓутоа, како што рече и нашиот голем писател, Исмаил Кадаре кога ја доби наградата „Принц на Астурија“, Шпанија не треба никогаш да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид во Косово. Верувам дека, токму со признавањето на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баските се различен случај, изјави Курти.

Шпанија е една од петте држави членки на ЕУ, заедно со Романија, Словачка, Грција и Кипар, кои не ја признале независноста на Косово, прогласена во 2008 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски