Курти за дијалогот во Брисел повторно го обвини Белград: „Српската страна не е подготвена“

Од:

Минатонеделниот дијалог во Брисел се базираше на две теми: конечниот договор и актуелните прашања, изјави приштинскиот премиер Албин Курти, додавајќи дека српската страна не е подготвена за нормализација на односите, пренесува Телеграфи.

Тој рече дека на средбата рекол дека конечниот договор треба да се заснова на шест точки, кои ќе вклучуваат „билатерални односи меѓу двете земји“, меѓународно признавање и членство во меѓународни организации.

Исто така, тој план би опфатил и решавање на прашањето за исчезнатите и справување со минатото, соработка која вклучува слободен проток на луѓе, стоки и услуги, односот кон малцинствата, преиспитување на претходно постигнатите договори и преглед на механизмите за спроведување на договорите.

Како што рече, неговата идеја не наиде на позитивна реакција од другата страна, пренесува Газета експрес.

– Очекувавме дека оваа точка од дневниот ред ќе одземе најголем дел од времето, за што покажавме дека сме подготвени да останеме во Брисел по четврток – рече Курти.

Тој додаде дека во Брисел бил присутен како премиер на Косово, а не како полицаец и цариник.

-Таму бев како премиер на Република Косово, не бев ниту како полицаец, ниту како цариник, ниту како обвинител, ниту како судија, ниту како шеф на косовскиот катастар. Затоа што првата точка беа елементите на општата рамка на договорот за целосна нормализација на односите – рече Курти.

Би можело да ве интересира

Курти од косовски Че Гевера до премиер – кожњак, долга коса, локни

А1он

Курти: Бевме конструктивни во Охрид, другата страна отфрли креативни предлози

Вучиќ и Курти го потврдија учеството на средбата во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 18 март во Охрид

Хаос во Брисел: Закани за можен терористички напад

Курти: Сакав да го потпишам договорот, Вучиќ одби

Предраг Петровиќ

Вооружени мажи се уапсени недалеку од седиштето на ЕК во Брисел

Горан Наумовски