Курти: Власта со резолуцијата за дијалогот со Србија настојува да го намали ентузијазмот за војската

Од:

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти ги обвини владејачките косовски партии дека со вчерашното изгласување на резолуцијата за преговорите со Србија го намалуваат значењето на формирањето Војска на Косово.

Според Курти, неполни шест часа по усвојувањето на законите со кои Косово се стекна со Министерство за одбрана и Безбедносните сили на Косово (ФСК) се трансформираа во војска, беа собрани потписите за итна седница за нормализација со Србија.

– Вработувањето и правдата, образованието и здравството, новиот буџет за ФСК, сите тие може да чекаат, ама дијалогот со Србија е итно прашање, рекоа вчера! Кој сакаше да го намали ентузијазмот на народот за војската на Косово? Се разбира, никој како Србија. Беше итна работа оваа. Затоа бргу легнаа, напиша Курти на својот Фејсбук.

Владејачката коалиција, заедно со пратениците на Социјалдемократската партија (ПСД), односно со оние кои го напуштија ВВ, вчера на вонредна седница на Собранието изгласаа резолуција за дијалогот со Србија. Со резолуцијата, предложена токму од ПСД, се формира преговарачки тим со кој ќе копретседаваат лидерот на ПСД и градоначалник на Приштина Шпенд Ахмети и вицепремиерот Фатмир Лимај.

Двете најголеми опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и ВВ се спротивставија на резолуцијата и ја обвинија ПСД дека со ова само ѝ го продолжува животот на владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати