Курти: Владата ќе ја заживее промената во Косово

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти денеска информира дека викендот што помина, заедно со 17-те членови на неговиот кабинет, одржал работилница за изготвување на владината програма и планот на дејствување за идното четиригодишно владеење.

Преку својата официјална страница на Фејсбук, Курти информира дека на четири одделни сесии минатите два дена „детално се разработени стратешките цели, оперативните објективи и мерките кои ќе се преземат“.

– Граѓаните на Косово гласаа за промени. Со нивната волја тие ја овозможија промената, а со нашата работа Владата ќе ја заживее промената. Нашата владина програма ќе ги одрази барањата, правата и потребите на граѓаните, за чие исполнувње ќе се ангажираме посветено, порача Курти.

Тој најави дека наскоро, откако технички ќе се финализираат, програмата и планот на дејствување ќе се изнесат на гласање пред Владата, а потоа и пред Собранието за расправа и усвојување.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он