Курти свика седница на Советот за национална безбедност на Косово

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти, по синоќешните напади на објекти во општините со мнозинско српско население, Зубин Поток и Звечане, за вечерва свика седница на Советот за национална безбедност во Косово.

Курти на прес-конференција попладнево ја обвини Србија дека користи косовски граѓани за да испровоцира сериозен меѓународен конфликт.

Кризата во северно Косово, предизвикана од одлуката на Владата на Курти да воведе реципроцитет кон Србија со времените регистерски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија центар за регистрација на моторните возила во рамки на општинскиот објект во Зубин Поток и фрлија експлозивни направи во ист таков центар во Звечане.

Според косовскиот премиер, намерата на тие што ги предизвикале инцидентите, а кои се поттикнати и поддржани од актуелните власти во Србија, е да оневозможат опремување на возилата кои влегуваат од Србија со времените таблички, нешто што веќе 10 години го практикува Србија за возилата со косовски таблички кои влегуваат во таа земја.

Курти информира дека и покрај протестите и блокадите на границите од страна на локални Срби, минатите шест дена, од воведувањето на реципроцитетот, во Косово влегле над девет илјади возила од Србија, кои се опремиле со времени таблички со ознаката РКС и не е забележан ниту еден инцидент. Тој им одаде признание на косовските полицајци, за кои рече дека во ситуацијата покажале висок морал и се однесувале крајно професионално.

– Поединци или групи на кои владеењето на правото и јавната безбедност им ги загрозуваат криминалните активности ја напаѓаат нашата држава и го загрозуваат мирот. Јасно е оти тие се поттикнати и поддржани од Србија, односно од тамошниот автократски режим. За жал, пред очите на меѓународната заедница, Србија користи граѓани на Косово за да испровоцира сериозен меѓунaроден конфликт, оцени Курти.

Тој порача дека таквите напади нема да се толерираат и ги повика граѓаните, посебно оние од северно Косово, без оглед на нивната етничка припадност, да останат мирни и да соработуваат со институциите.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски