Курти: Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека целта на Косово е да се зајакне и да стане дел на НАТО, со цел да придонесе за промоцијата на демократските вредности и мирот во светот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на Роз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во косовската престолнина, рече дека Западен Балкан, како регион со многу нерешени проблеми, е исто така чувствителен и од аспект на политичката стабилност.

Според косовскиот премиер, за Србија е добродојдено руското влијание, кое го користи за да продолжи да се заканува на безбедноста и мирот во овој дел на Европа.

Запрашан од учесниците на семинарот дали смета дека Србија сака да го наметне на другите својот начин на живеење, Курти рече дека се работи за спротивното и дека „Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив“.

– Не се работи за начин на живот, за културни или верски прашања, туку за типично експанзионистички идеи на доминација во овој европски регион. Секако при тоа се смета на помошта од Русија, рече Курти, спомнувајќи ги бројните заеднички српско-руски воени вежби, како и воените бази на Србија долж целата граница со Косово.

На 102-риот Роз-Рот семинар на ПС на НАТО кој започна вчера и ќе трае до утре, 10 октомври, учествуваат над 100 пратеници од земјите членки и од земјите партнери на алијансата. Тема на овој семинар е „Евроатлантската интеграција на Западен Балкан: продолжени предизвици, нови реалности и идни перспективи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски