Курти се закани: Имате два месеци да ги смените регистарските таблички, ослободени сте од даноци до 5000 евра

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска соопшти дека е започната замената на регистарските таблички на Република Србија со оние на Косово. Тој им се обрати на граѓаните на Фејсбук на српски јазик и рече дека на Косово има вкупно 401.945 автомобили со косовски регистарски таблички, од кои десетици илјади се во сопственост на малцинските заедници.

Додаде дека оние кои треба да се конвертираат сочинуваат само околу два отсто од нив.

„Ги повикувам граѓаните на Република Косово, сопственици на автомобили со регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“ и „ЃА“ да ги конвертираат во РКС регистарски таблички во следните два месеци, при што се ослободени од даноци и давачки до 5.000 евра“, сподели тој на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски