Курти се сретна со Гренел во Амбасадата на САД во Приштина

Од:

Лидерот на Движењето Самоопределување, партија која победи на неделните парламентарни избори во Косово, Албин Курти, се сретна попладнево во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина со претставникот на претседателот Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Србија и Косово, американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел.

Средбата на Курти и Гренел се одржа непосредно по завршувањето на средбата на Гренел со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Курти по завршувањето на средбата ја напушти Амбасадата без да даде изјава за медиумите, како што немаше изјави ниту по средбата во кабинетот на Тачи.

Гренел, кого Трамп го именува за свој претставник минатиот петок, утре ќа отпатува за Белград, каде што треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на денешниот престој во Приштина најавени се средби и со претставници на други политички партии.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски