Курти: Реципроцитетот кон Србија ќе го штити домашното производство

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти повтори денеска дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе биде укината и заменета со реципроцитет и нагласи дека тој реципроцитет ќе е заснова на принципите на Светската трговска организација (СТО) и на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА), јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи се на Конвенцијата на Клубот на косовските производители (КПК), Курти рече дека воведувањето на целосен реципроцитет кон двете држави е со цел да се заштити домашното производство.

Тој не прецизира кога ќе се укине таксата и ќе се воведе реципроцитет, но рече дека тоа ќе го направи веднаш откако ќе ја добие комплетната анализа на трговските бариери со Србија.

– Министерката (за економија) Розета Хајдари донесе одлука да се формриа работна група со членови од Министерството, Економската комора на Косово, Комората на стопанственици на Косово, Царината, Агенцијата за храна и ветеринарство и КПК. Оваа група ќе направи резиме на сите трговски бариери со Србија и ќе дојде со прерпораки за владата. Штом дојдат во мојот кабинет тие препораки ќе ги анализираме и ќе донесеме одлука за укинување на таксата и воведување реципроцитет, изјави Курти.

Тој нагласи дека нема да носи одлуки за економијата и производството без да ги дискутира и без за нив да се консултира со домашните производители.

– Економистите во владата не можат да имаат приоритет пред производствената економија, изјави Курти.

Претседаелот на КПК Башким Османи изјави дека албанскиот и македонскиот пазар се приоритетни за косовските производители и побара владата да ги поддржи што повеќе за да се пробијат со нивните производи во тие земји.

На Конвенцијата беше констатирано дека Косово во последните години заостанува во однос на странските инвестиции и дека е неопходно да се подобрат условите за привлекување на инвеститорите. Беше побарано и што поскоро усвојување на закон за внатрешна трговија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов