Курти-премиерот гледа различно на дијалогот со Србија од Курти-опозиционерот, вели Абдиџику

Од:

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику, по денешната средба со косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека позициите на сегашниот претседател на владата во однос на дијалогот со Србија се различни од оние кои ги имаше додека беше во опозиција и кои ги промовираше за време на последните избори.

По средбата во премиерскиот кабинет, Абдиџику изјави пред новинарите дека Курти не само што се повлекол од намерата за воведување реципроцитет кон Србија, како што вчера најави неговата министерка за трговија, претприемништво и индустрија, Розета Хајдари, туку го сменил ставот и за други прашања во однос на дијалогот со Белград.

– Јас забележав дека премиерот не само за реципроцитетот, туку и за многу други теми ја сменил позицијата за дијалогот. Станува збор за реципроцитетот, барањето извинување (од страна на Србија), како и за тоа дека внатрешниот дијалог е пред надворешниот, изјави Абдиџику.

Опозицискиот лидер кажа дека го информирал премиерот за позициите на неговата партија во однос на дијалогот, за што е изготвен и соодветен документ.

– Откако ги слушнавме позициите на владата, ја презентирав политичката позиција на ЛДК, во пишана форма. Побарав од премиерот тој и владата да презентираат една таква позиција пред нашите граѓани и пред надворешните посредници. Слободно можат да се послужат со нашиот документ, доколку им треба, рече Абдиџику.

Минатата недела Курти ги повика на средби лидерите на парламентарните партии на косовските Албанци. Вчера тој се сретна со лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, кој по средбата кратко информира дека раговарале за дијалогот меѓу Косово и Србија. Енвер Хоџај, лидер на најбројната опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово (ПДК), не одговори на поканата од Курти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари