Курти подготвен за продолжување на дијалогот со Србија со посредство на ЕУ

Од:

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти вели дека календарот на идните средби меѓу косовските и српските претставници за стабилизирање на односите меѓу двете земји, зависи од Европската унија, како посредник во дијалогот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти изјави дека е во постојан контакт со специјалниот пратеник на ЕУ за преговорите меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, со цел да се обнови дијалогот кој беше прекинат во ноември 2018 година, кога тогашната влада на Рамуш Харадинај ја воведе таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

– Имам редовни контакти со претставникот на ЕУ. Нормално дека тој работи на започнувањето на преговорите. Ние бараме тој дијалог да биде заснован на принципи и добро подготвен. Подготвени сме, имаме искуство и ќе ја претставуваме нашата Република како што се бара со Уставот и законите. Значи, од Брисел зависи календарот на дијалогот, изјави Курти за време на денешниот престој во Сува Река, каде што се информира за последиците од невремето кое го зафати регионот.

Премиерот во оставка нагласи дека тој лично ќе го претставува Косово во дијалогот со Србија, со оглед дека постои пресуда на Уставниот суд на Косово со која премиерот е тој што треба да ги води преговорите со друга држава.

Пратеникот на ЕУ во преговорите меѓу Приштина и Белград, словачкиот дипломат Лајчак, изјави деновиве, по телефонски разговор со Курти, дека страните се подготвени за продолжување на дијалогот и дека единствено се очекува подобрување на состојбата со пандемијата на Ковид-19 и овозможување физички средби меѓу преговарачките тимови на Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ