Курти побара помош од надвор: На Косово му претстои хуманитарна катастрофа

Од:

Поранешниот премиер на Косово и лидер на движењето „Самоопределување“, Албин Курти на социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека на Косово му претстои хуманитарна катастрофа. Тој испрати писмо до амбасадорите во Косово во кое бара помош по повод епидемијата со Ковид-19.

„Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашата земја да ги обезбедите здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се овозможи превенција на здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа“, напиша Курти на „Фејсбук“.

Курти додаде и дека на Косово има стотици позитивни случаи секој ден, со повеќе од 50 заразени меѓу новотестираните.

Косовските власти соопштија дека досега во земјата, од Ковид-19 се заразиле околу 10.419 луѓе, од нив 6.058 лица се излекувани, додека починало вкупно 341 лице.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он