Курти по средбата со Тачи: Нема друга алтернатива освен избори во Косово

Од:

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти по денешната средба со претседателот на државата, Хашим Тачи изјави дека на соговорникот јасно му го пренел ставот оти, по минатонеделното гласање недоверба на Владата, единствено можно решение е формирање влада која ќе произлезе од нови ибори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање на новинарите по средбата, Курти рече дека му порачал на Тачи да се занимава со датумот на наредните избори.

– Средбата започна со информирање за мерките кои ги презема владата за спречување на ширењето на Ковид-19. На обидот на претседателот да зборуваме за нова влада и нови кандидатури одговоривме со нашиот став дека не можеме да го игнорираме и негираме членот 82.2 од Уставот, кој вели дека по изгласувањето недоверба тоа што преостанува е да се оди на нови избори, изјави Курти.

Тој додаде дека претседателот ветил оти ќе го почитува Уставот, законите и досегашните практики.

– Сите знаеме кои се поранешните практики, и во 2010 и во 2017 година паднаа владите и потоа се распушти Собранието и се прогласија избори. Ние го нагласивме тоа и сметаме дека претседателот не треба да се занимава со имиња на луѓе и партии, туку со датумот на изборите во овогодишниот календар. Знам дека се наоѓаме во интензивна борба против вирусот и веројатно ова може да го одолжи датумот на избори, но Уставот не нуди друга алтернатива, изјави Курти.

Во рамки на иницијативата за формирање нова влада по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти, претседателот на државата ги повика на консултативни средби лидерите на парламентарните политички партии.

По средбата со Курти, кој е и лидер на владејачкото Двиежење Самоопределување (ВВ), Тачи во својот кабинет го прими претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, а по него и оној на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели.

За утре се закажани срдби со лидерите на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), Горан Ракиќ и на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај, како и со претставници на групата Г6, односно на пратеничката група на партиите на немнозинските етнички заедници во Косово.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски