Курти отпатува во Минхен на конференцијата за безбедност

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти отпатува денеска во Германија, каде што ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за порталот „Газета експрес“ ја потврдија извори од партијата на Курти, Движењето Самоопределување.

Ова е прва меѓународна конференција на која учествува Курти во својство на премиер, откако ја презеде должноста на 3 февруари.

Заедно со премиерот, во Минхен отпатува и новиот министер за надворешни работи на Косово Глаук Коњуфца.

На конференцијата во Минхен вчера замина и претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој денеска заедно со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет присуствуваше на потпишувањето на договорот за железнички и патен сообраќај меѓу Косово и Србија.

Пред заминувањето во Германија, Курти вчера го повика Тачи на состанок за усогласување на ставовите за надворешната политика, меѓутоа претседателот не одговори на поканата.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски