Курти: Очекувам договор

Од:

Премиерот на косово Албин Курти денеска изјави дека е оптимист оти на претстојната средба во Охрид ќе се постигне договор меѓу Белград и Приштина.

„За планот за имплементација треба да се разговара во Охрид, а можеби и не само во Охрид, јас сум оптимист, но дали средбата ќе успее или не, вие добро знаете дека не зависи само од мене. Знаете дека понудив да потпишам договорот и на 27. февруари“, изјави Курти.

„Ако имало неуспех во дијалогот, никогаш не бил моја вина, бидејќи бев посветен, конструктивен и креативен“, тврди Курти.

Според него, од 2. јули 2011 до 25. август 2015 година биле постигнати вкупно 39 договори и дека, како што вели, Заедницата на српски општини ги сочинува првите шест точки од договорот, што е 16-та по ред, од вкупно 39.

„Се договоривме за европски предлог, со француско-германска иницијатива, а во преамбулата има пет реченици и има вкупно 11 точки. Ајде сега да разговараме за планот за имплементација. Знам дека Србија се залагаше за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, и го знам ставот на Србија, но сакам да се навратам на она што се договоривме и што можевте да прочитате сите, а тоа е планот за имплементација за кој треба да се преговара во Охрид, а можеби и не само во Охрид“, заклучи Курти.

Најавено е дека новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина ќе се одржи на 18 март во Охрид, во време кога Жозеп Борел е во посета на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Улица во Звечан покриена со српското знаме

Ана Ололовска

САД бара бара повлекување на полицијата од општинските згради, градоначалниците да работат на алтернативни локации

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Американски војници го засилија италијанскиот контингент на КФОР во Лепосавиќ

Катерина Павлова-Николовска

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Катерина Павлова-Николовска

Војници на КФОР ја обезбедуваат општинската зграда во Звечан, се собраа неколку Срби

Ана Ололовска

Италијанската премиерка: Ова е целосно неприфатливо, нема да толерираме понатамошни напади врз КФОР

Ана Ололовска