Курти: Не е потребна трета светска војна за обединување на Албанија и Косово

Од:

Победникот на предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на шести октомври, Албин Курти, во емисијата „Real Story” на тиранската телевизија „Њуз 24“ зборувајќи за идеајата за национално обеднување објавена од Движењето „Самоопределување“, чиј лидер е, изјави дека Албанија и Косово нема да предизвикаат Трета светска војна за да се обединат.

Курти истакна дека обеднувањето ќе дојде со процедурални чекори, додавајќи дека „Самоопределување“ продолжува да се спротивставува на членот на Уставот на Косово, во кој се вели дека Косово не може да припои кон ниту една друга држава.

-Рековме дека откако ќе дојдеме на власт ќе се бориме против корупцијата, ќе бидеме во рамките на што подобри институции на Република Косово. Ние продолжуваме да го критикуваме членот 1.3 од Уставот на Република Косово, каде не е дозволено обединување со Албанија. Ние не сакаме да предзвикаме Трета светска војна за обеднување со Албанија. Оваа работа ќе дојде со време. Националото обединување и ЕУ не се исклучуваат една со друга. Верувам дека обединети Албанија и Косово се во полза и за ЕУ. Албанците историски се поделени, во Отоманската империја, во поранешна Југославија, сега дојде време да се обединат во контрукцијата на Европската унија, рече Курти.

Тој ги обвини косовските политичари дека не зборувале со еден глас и тоа овозможило Србија да влезе во Косово.

-Ние мора да бидеме заедно против Србија. Јас не сум против дијалогот во принцип, но јас сум против дијалогот без принципи. Дијалог да пред изборите во Србија, но мора да се постигне договор навреме зашто имаме отворени проблеми. Ние се спротивставуваме на лошите договори. Верувам дека со Србија треба да се разговара од долгот кон Косово до признавањето на Косово со изменување и дополнување на Уставот на Србија. Во Уставот на Србија стои дека Косово е дел од Србија што е апсурдно, смета тој.

Во истото гостување тој вели дека само Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) го гледа како дел од коалицијата за формирање на влада и дека доколку овој договор не биде постигнат тогаш земјата повторно ќе оди на избори.

-Наша среќа е ние да владееме заедно со ДСК. Нема друга можност. Или Самоопределување во владата и јас нов премиер, или предвремени избори. Јас не се плашам од избори, изјави Курти.

Тој е убеден дека двете парти ќе ги усогласат нивните програми за да формираат добра владејачка коалиција и оти од досега договореното се знае дека новата влада ќе има 12 министерства, од нив само еден министер Србин.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов