Курти: Народот знае дека обединувањето на Косово и Албанија е неопходно

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти, на денешната промоцијата на заедничкиот буквар за првооделенците во Косово и во Албанија, изјави дека албанскиот народ знае оти „обединувањето (на двете држави) е неопходно“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На церемонијата по повод промоцијата на букварот, одржана во Ѓаковица, Курти изјави дека „судбината на албанското училиште е иста“ со онаа на албанскиот народ и изрази задоволство поради тоа што „една нова албанска генерација го започнува патот на знаењето со еден буквар“.

– Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди, кога нашите водачи се обединија и го изградија преминот од силното идентитетско чувство кон високата национална свест, ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја… со заеднички едукативни и образовни активности, изјави Курти.

Министерките за образование на Косово и Албанија, Арберие Нагавци и Евис Куши, минатиот декември во Приштина потпишаа договор за изготвување заеднички буквар, за што беше формирана работна група со експерти од двете држави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов