Курти: Нанесена ни е двојна неправда

Од:

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека, со денешното барање од претседателот на државата Хашим Тачи до Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) да именува мандатар за нов премиер, се настојува да се формира влада не само без партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), туку и против неа, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција, по одлуката на ЛДК да го кандидира Авдулах Хоти за нов премиер, Курти рече дека веднаш штом ја добие официјално одлуката за доделување на мандатот на ЛДК, истата ќе ја оспори пред Уставниот суд.

– Да го видиме официјалниот документ со текст и потпис, а потоа ќе ја изнесеме нашата оценка, изјави Курти на прес-конференција пред зградата на косовската Влада.

Тој рече дека последните дејствија на претседателот Тачи во правец на формирање нова влада, откако на сегашната на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од страна на Собранието, претставуваат кршење на Уставот и на уставна одлука од 2014 година.

– Во 2014 година ние сметавме дека парламентарното мнозинство се формира во републичкото Собрание, меѓутоа имаше пресуда на Уставниот суд која го дефинира мнозинството како апсолутно и како релативно мнозинство, при што победникот на изборите претставува релативно мнозинство. Ние бевме критични тогаш, но ја прифативме одлуката, изјави Курти.

Тој додаде дека во годините што следуваа, од 2015-та наваму, ВВ ја прифати таа пресуда, меѓутоа сега Тачи ги смени „правилата на игра“.

– Ние овој пат излеговме први и ни велат ајде да се вратиме во 2014 година. Значи се сменија правилата на игра. Ни чинат двојна неправда, и во 2014-та и сега, рече Курти.

Според него, доколку се формира новата влада, таа ќе биде зависна од партијата на српското малцинство, Српска листа (СЛ), како и од коалицијата која претходно беше на власт, позната како ПАН, а која ја сочинуваа Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај.

– Претседателот Тачи со надминувањето на неговите надлежности се обидува да формриа една политичка волја. Од прогласувањето на независноста ние за прв пат имаме една влада која не е зависна од ПАН, ниту пак од Српската листа. Сега ќе биде зависна од обете. Значи, од една независна се оди на влада со двојна зависност, изјави Курти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски