Курти кај Тачи само 15 минути, состанокот „без правни ефекти“

Од:

Состанокот на претседателот на Косово Хашим Тачи со лидерот на Дvижењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, на кој се очекуваше Курти да го добие мандатот за формирање на новата влада на Косово откако неговата партија победи на октомвриските парламентарни избори, заврши по помалку од 15 минути, без конкретен резултат.

Курти по состанокот во кабинетот на Тачи изјави за медиумите дека имале „кратка консултативна средба без правни ефекти“.

– Ова беше кратка консултативна средба без правни ефекти во врска со наредната фаза на формирањето на институциите. Претседателот побара ние да изнесеме предлог и за ова негово барање јас ќе го известам Претседателството на ВВ, изјави Курти.

Тој порача дека ќе се сретне со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како единствен можен партнер за формирање на новата влада, кога и да се согласи таа партија.

Курти изјави дека во моментов ја искулучува опцијата на нови парламентарни избори и дека негова примарна цел е да го направи Косово со нова Влада. Сепак, порача тој, „ВВ е во секое време подготвено да влезе во нов изборен натпревар“

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски