Курти и ветераните на ОВК не постигнаа согласност околу законот за плати

Од:

Претставници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ ОВК) по денешната средба со премиерот Албин Курти објавија дека не постигнале договор во врска со барањата за нивно вклучување во законост за минимална плата што е влезен во собраниска процедура, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вршителот на должноста претседател на ОВВ ОВК, Фатон Клинаку во изјава за медиумите по двочасовната средба во кабинетот на Курти најави дека протестите на ветераните ќе продолжат сé до исполнување на нивните барања.

Клинаку информира дека косовскиот премиер им ветил оти ќе им достави писмен предлог за решавање на спорот.

Според претставниците на ОВВ ОВК, на средбата станало збор и за листата на воени ветерани, за која Курти тврди дека е „надувана“ и дека треба да се прочисти, додека ветераните велат дека со таа работа треба да занимаваат судовите, а не Владата.

По вчерашните протести на ветераните, поради кои беше спречено одржувањето на собраниската седница на чиј дневен ред е усвојување на владиниот предлог за закон за минимална плата, Курти вчера го откажа учеството на Преспа форумот 2022 во Охрид.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски