Курти и Мустафа не се договорија за новата Влада

Од:

Лидерите на Движењето „Самоопределување“ и на Демократскиот сојуз на Косово, Албин Курти и Иса Мустафа не успеаја денеска да се договорат за идната заедничка влада.

По денешната средба зад затворени врати во косовското Собрание, по која се најавуваше потпишување договор за коалиција, двете партии кои победија на октомвриските избори најавија дека преговорите ќе ги продолжат „во следните денови“.

Курти по состанокот изјави кратко дека сепак е постигнат извесен напредок.

– Договор, сепак, немаме. И натаму има прашања за кои не се согласуваме, изјави лидерот на „Самоопределување“, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на Влада.

Мустафа истакна дека со Курти имале „содржакни разговори“.

– Се согласивме во врска со владината програма. Договор за коалиција денеска нема, но се договоривме да продолжиме да работиме. Нашите разлики ќе ги соопштиме откако ќе ги приближиме ставовите, нагласи Мустафа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски