Курти го прифати американското барање, казните за српски таблички одложени за два дена

Од:

Косово ги одложи плановите за казнување на возачите кои одбиваат да ги предадат старите регистарски таблички издадени од Србија за 48 часа по барањето на Соединетите држави.

Речиси две години, спорот со регистарските таблички ги подгрева тензиите меѓу Србија и Косово. Стотици полицајци, судии, обвинители и други државни службеници од српското малцинство поднесоа оставки претходно овој месец. Приштина одлучи локалните Срби да ги заменат регистарските таблички издадени од општинските власти на косовските Срби.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти за одложувањето преку објава на својот Твитер профил рано утрово.

„Го прифаќам неговото барање (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа… Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена.

Косовската полиција претходно најави дека казните треба да бидат изречени од вторник во 08 часот и ќе погодат околу 10.000 возачи.

Приштина и Белград не постигнаа договор во понеделникот, откако беа одржани вонредни разговори со посредство на ЕУ, при што Брисел предупреди на „ескалација на насилството“ доколку се имплементира планот за Косово. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој претседаваше со разговорите, го обвини Косово главно за отфрлањето на предлозите на ЕУ за тоа како да се реши спорот околу табличките на автомобилите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека неговата земја ќе престане да издава и обновува регистарски таблички за северниот дел на Косово, но предупреди на зголемени тензии.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски