Курти донесе одлука за делумно укинување на таксата на увозот од Србија и БиХ

Од:

Претседателот на Владата на Косово Албин Курти ја потпиша денеска одлуката, која ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна владина седница, за ослободување од таксата од 100 отсто на увозот на сировини од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовските медиуми објавија дека владината седница, на која ќе се донесе одлуката за постепено укинување на таксата до нејзино заменување со, како што се наведува во документот потпишан од Курти, „целосен реципроцитет во односите со Србија и БиХ по сите прашања“, најверојатно ќе се одржи попладнево.

Со предлог-одлуката, која носи денешен датум, се предвидува таксата на увозот на сировини да се укине од 1 април и им се наложува на Министерството за финансии и Царините на Косово од тој датум да почнат да ја спроведуваат одлуката, согласно постоечката легислатива.

Одлуката на Курти уследи два дена откако неговиот коалициски партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата, меѓу другото и поради одбивањето на премиерот веднаш и целосно, а не делумно, да ја укине спорната такса, како што тоа го бараат Соединетите Американски Држави. Директен повод за најавата на ЛДК дека ќе ја расипе коалицијата со Движењето Самоопределување (ВВ) е разрешувањето од страна на Курти на министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски