Курти бара од министрите да набројат по пет работи кои успешно ги завршиле минатите 18 месеци

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека побарал од неговите министри да му поднесат извештај за по пет достигнувања кои ги оствариле во нивните ресори во текот на минатите 18 месеци од кога се на власт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти пред новинарите во Приштина изјави дека барањето им го изнел по завршувањето на денешната владина седница, воедно барајќи од нив извештај и за прашањата во кои имало застои при нивното решавање.

– По завршувањето на седницата на Владата побарав од министритре идната недела да изложат по четири или пет нивни достигнувања во текот на едно и пол годишното владеење. Да видиме што постигнале тие ресори, какви лоши работи спречиле, изјави Курти.

На почетокот на денешната владина седница Курти ги наброја работите за кои смета дека ја покажуваат успешноста на неговата влада од доаѓањето на власт пред 18 месеци.

– Идната недела се навршува година и половина од нашето демократско и прогресистичко владеење. Пресвртот кој го вршиме во правец на развојот на општеството не може да биде остварлив без владеење на правото, правна безбедност и спроведување на човековите права. Значи, за да ја заживееме вистинската демократска промена, акцентот го ставивме на редот и законот, правната предвидливост и еднаквоста, рече Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски

Средба на претседателот Пендаровски со косовскиот премиер Албин Курти

Левица: Косовската владејачка партија директно се меша во внатрешните работи на Македонија