Курдските бунтовници побараа конкретни чекори од турските власти за да може да дојде до придвижување на мировниот процес и притоа предупредија дека во спротивен случај тој ќе има несигурна иднина, пренесоа британските медиуми.
„Нашето движење е во фазата на сериозно и критично премислување и разгледување на нови решенија“, информира политичкото крило на Курдската работничка партија (ПКК) – Унија на курдски општини, во соопштението лиферувано на интернет.
„Владеjачката Партија на правдата и развојот треба да направи конкретни чекори. Инаку, мировниот процес се наоѓа во многу критична и опасна етапа и наближува неговото завршување“, посочува уште организацијата.
Турската Влада во 2012 година ги почна мировните преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој во затвор на островот Имрала изддржува доживотна затворска казна, во обид да ја заврши триесетгодишната борба, во која загинаа 40.000 лица.