Курц по средбата со Харадинај не ја спомена корекцијата на границата со Србија

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц по денешната средба со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, не ја спомена корекцијата на границата и размената на територии меѓу Косово и Србија, за кои претходно, по средбата со претседателот Хашим Тачи и вчера на средбите со српските лидери во Белград, рече дека неговата земја ќе ги поддржи, доколку двете страни постигнат договор за тоа.

Медиумите забележуваат дека Курц и Харадинај излегоа од средбата во кабинетот на премиерот „не баш расположени да даваат изјави“.

Австрискиот канцелар и неговиот домаќин во кратките изјави воопшто не ги споменаа границите.

– Австрија го подддржува силно дијалогот меѓу Косово и Србија и заинтересирани сме за вашата перспектива во тој аспект. Затоа очекуваме и народот на Косово да го поддржи дијалогот, бидејќи неговиот успешен исход е за доброто на вашата европска перспектива и за мирот и стабилноста во регионот, изјави Курц.

Харадинај во своето кусо обраќање пред новинарите се заблагодари на гостинот за поддршката што неговата земја ја дава на Косово.

– Ја имав честа да остварам средба со австрискиот канцелар, господинот Курц, со кого разговаравме за мошне добрите билатерални односи меѓу Косово и Австрија и за европската перспектива на Косово и на регионот. Благодарам многу за поддршката што Австрија ја има дадено на Косово, изјави Харадинај.

Пред да се сретне со Харадинај, Курц денеска се сретна и со косовскиот претседател Тачи и по средбата изјави дека Австрија и Европската унија ќе го поддржат секое решение за кое ќе се договорат Косово и Србија, вклучително и корекција на границата и размената на територии.

– Австрија се согласува со кој и да е договор што ќе го постигнат Косово и Србија. Доколку успеат да се договорат никој нема право да го оспори тој договор. Ова е став и во рамките на ЕУ. И доколку има корекција на границите и размена на територии, тогаш ќе биде поддржано од ЕУ, изјави Курц по средбата со Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари