Курц до Ердоган: Ако имаше обид за пуч, не значи дека сега може да правите што сакате

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц повика на трезвеност во Турција и укажа дека пучот не претставува бланко овластување за произволни решенија.

Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата да се почитуваат, порача Курц.

Тој посебно се обрати до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со порака дека пучот не смее да се искористи како овластување за акции спротивни на правната држава.

-Во Турција мора да вледее законот, рече Курц.

Тој во изјава за автриските медиуми ги осуди пучистите и кажа дека нивното дејствување, посебно убиството на цивили не може да се оправда.

На прашање дали пучот дојде неочекувано, Курц рече “сите ние знаеме дека постоеја отпори и внатре и надвор од Турција, поради претераниот авторитативен стил на владеење на Ердоган“.

Но на организирање пуч никој не рачунаше, рече Курц.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски