Кунчев: Бугарија втора по смртност од Ковид-19 во ЕУ и на Балканот

Од:

Главниот бугарски државен здравствен инспектор, Ангел Кунчев, за време на брифинг на Националниот оперативен штаб денеска соопшти дека, според смртноста од Ковид-19, Бугарија е втора во ЕУ, зад Унгарија, и втора на Балканскиот полуостров, зад Северна Македонија.

Според Кунчев, во пракса се случи тоа што долго време бугарските здравствени власти го очекуваа – да дојде до постепено задржување и опаѓање на заболувањата. Овој тренд, оцени тој, може да се забележи во перформансите на Бугарија во Европската унија и на Балканот .

Врз основа на заболувањата во последните 14 дена, во Бугарија во моментов има 635 заразени на 100.000, што ја става на деветото место во Европската унија и четврто на Балканскиот полуостров.

-Податоците во Бугарија за третиот бран од Ковид-19 се пониски во однос на вториот бран од ноември минатата година. Ова не треба да ги смири здравствените власти, коментира Ангел Кунчев, бидејќи бројот на хоспитализации и пациенти на одделите за интензивна нега се уште е голем.

Би можело да ве интересира

Црна Гора ги укина скоро сите рестриктивни мерки, бројот на болни преполовен за еден месец

Жарко Настоски

Експертите загрижени: Во Британија се појави и индиска мутација на коронавирусот

Жарко Настоски

Турските лекари излегоа на протест против владата, бараат построги мерки

Жарко Настоски

Новиот Бугарскиот парламент на првата седница ќе бара отчет од Борисов

Жарко Настоски

Коронавирусот носи десетпати поголем ризик за згрутчување на крвта отколку вакцината

Жарко Настоски

Норвежанец кој ширеше теории дека коронавирусот е обична настинка, почина од Ковид-19

Жарко Настоски