Владата на Косово има намера да ја реализира бриселската спогодба во рок од 90 дена, изјави заменикот премиерот на Косово, Хајредин Кучи.
Според него, до крајот на јуни ќе се видат и првите конкретни резултати како што се расформирање на илегалните безбедносни сили на Србија на северот на Косово.
Кучи за весникот „Коха Диторе“ изјави дека и илегалните структури на правосудството ќе се интегрираат во правосудниот систем на Косово.