Владата на Косово има намера да ја реализира бриселската спогодба во рок од 90 дена, изјави заменикот премиер на Косово, Хајредин Кучи.
Според неговите зборови, до крајот на јуни ќе се видат и првите конкретни резултати како што се расформирање на илегалните безбедносни сили на Србија на северот на Косово.
Кучи за приштинскиот дневен весник „Коха Диторе“ изјави дека и илегалните структури на правосудството ќе се интегрираат во правосудниот систем на Косово.
Белград и Приштина во најбрзо време би требало да пристапат кон реализација на планот парафиран во Брисел на 19 април, за што обете страни вчера формираа тимови за примена на договореното.