Круемади: Ратификацијата на Преспанскиот договор е многу позитивен чекор за регионот

Од:

Ратифкацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот Парламент го поздрави Моника Круемади, лидерка на третата по големина политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција.

Таа на Твитер напиша дека ратификацијата на овој договор е многу позитивен чекор за регионот.

-Ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот Парламент, многу позитивен и значаен чекор за нашиот регион, за поголема интеграција, за зајакнување на мирот и за поголема стабилност. Тоа ги отвора перспективите за понатамошните интеграциски процеси меѓу земјите од регионот и целиот регион во Европската унија, напиша Круемади, која е сопруга на претседателот Илир Мета.

Ратификацијата на договорот ја поздрави и поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен пратеник од Демократската партија, Тритан Шеху.

Тој оценува дека изгласувањето на Преспанскиот договор е „добра вест за двете земји“ и значаен чекор кон зајакнување на мирот и бебедноста во регионот.

-Грчкиот парламент позитивно гласаше за Преспанскиот договор, добра вест за овие две земји и за нашиот регион. Брзото зачленување на Северна Македонија во НАТО ќе го зајакне регионалниот мир и безбедност. Ова е чекор кон нашиот заеднички пат кон ЕУ, напиша тој.

Претходно усвојувањето на Преспанскиот договор го поздрави и шефот на албанската држава Илир Мета оценувајќи го како историско достигнување и одлична вест за билатералните односи, европската и евроатлантската перспектива на нашиот регион.

Премиерот Еди Рама упати честитки за, како што вели, моите пријатели Ципрас и Заев за историскиот договор.Ратификацијата ја поздрави и спикерот на Парламентот Грамоз Ручи, демократскиот лидер Љуљзим Баша, Министертвото за Европа и надворешни работи, како и доскорешниот шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати, кој ратификацијата на договорот ја оцени за историски момент за Балканот кој го отвора патот на Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Албанија: Околу 500 затвореници добија привремени дозволи за излез поради Ковид-19

А1он

Во Албанија уште една жртва од Ковид-19

А1он

Рама:Да го одржуваме отпорот,економијата паѓа и повторно се крева, мртвите не оживуваат повторно

А1он

Баша бара тестирањето за Ковид-19 да биде приоритет како во Македонија

Ана Ололовска

Во Албанија бројот на заразени од „Ковид-19“ се зголеми на 304 лица

Ана Ололовска

Во Албанија 18 новозаразени со „Ковид-19“

Ана Ололовска