Круемади: Претседателот Мета предупреди на земјотрес ама го нарекоа луд

Од:

Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција(ЛСИ), Моника Круемади задржувајќи се на состојбата по катастрофалниот земјотрес од 26 ноември, ја спомна изјавата на претседателот Илир Мета, во која предупреди дека Албанија ќе ја погоди земјотрес.

Гостувајќи во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија, Круемади рече дека шефот на државата (кој е нејзин сопруг) го најавил земјотрсот, но, тогаш рекле дека е луд.

Таа додаде дека „Рама не вели залудно дека Мета ја има гатачката на филџан дома“, иронизирајќи ги изјавите на премиерот Еди Рама, кој и го даде тој епитет.

-Велеа претседателот е луд што предупреди на земјотрес. Залудно не вели Рама дека Мета дома ја има гатачката на филџан. Еве гатачката предвиде. Но, никој не го послуша претседателот, туку рекоа дека полудел, рече Кируемади.

За потсетување, Мета кон крајот јули предупреди дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот. Мета во функција на претседатаел на Нацоналниот совет за безбедност упати писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

Побара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис, искажувајќи подготвеност да го свика Националниот совет за безбедност.

„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен“,стоеше во писмото од Мета.

Експресно му одговори министерката за одбрана Олта Џачка,порачувајќи му дека земјотреси не се предвидуваат

-Предвидувањето земјотрес е надвор од можностите на науката, а за тоа се консултирав и со Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ). Дополнително, грчкиот сеизмолог Акис Целентис ја демантираше лажната вест,што беше причина за вашата загрженост, стоеше меѓу другото во одговорот на министерката.

Во врска со мерките за справување природни непогоди, Џачка наведе дека Владата и Министерството за одбрана се „поподготвени од било кога во изминатите 30 години, да се справат со вонредни состојби“,додавајќи дека „начинот на кој се справивме со земјотресот во Корча се најзначајните докази за сериозноста на нашата подготвеност“

Сепак катастрофален земјотрес Албанија ја погоди утрото на 26 минатиот месец, кој однесе над 50 човечки животи,со стотици беа повредени а предзвика и огромна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Запленети станови, „ролс ројс“ и две ТВ станици на познат албански бизнисмен осомничен за трговија со дрога

А1он

Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус

Ана Ололовска

Нов рекорд на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

А1он

Албански анестезиолог: Владата стана проповедник против Ковид-19, наместо да спроведува конкретни мерки

А1он

Рекорден број на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

А1он

Рама апелира на зајакнување на принципите на Завршниот акт од Хелсинки

А1он