Кривокапиќ треба денес да ја достави листата со кандидати за министри до мнозинските партии

Од:

Мандатарот за формирање на Влада на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ најави дека денеска во текот на денот ќе им го соопшти списокот со кандидати за членови на експертската влада на  мнозинските партии, пишува „Побједа“.

Кривокапиќ за подгоричкиот весник изјави дека се водат разговори со кандидатите за министри кои, како што рече, го поминале првиот круг и сега се во последниот круг.

„Некои од нив се во странство и поради временската разлика е закажан разговор со нив доцна навечер преку Скајп, па додека не го завршам тоа, не би лицитирал со имиња“, изјави Кривокапиќ.

Кривокапиќ претходно најави дека владата ќе има 12 ресори, а според „Побједа“, листата на кандидати за министри ќе биде доставена до партиите до 16 часот.

Коментирајќи ја можноста одредени партии, пред се Демократскиот фронт, да не се согласат со неговиот предлог, Кривокапиќ вели дека ќе мора да достават јасни докази за сите тврдења што можат да ги изнесат за предложените кандидати.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора