Кривокапиќ: Направив сè да постигнеме Темелен договор со СПЦ, но се сомневам дека ќе го потпишам

Од:

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави дека направил се што можел во врска со Темелниот договор со СПЦ, но се сомнева дека тој ќе го потпише, пренесе МИНА дел од неговото интервју за РТЦГ, што ќе биде емитувано вечерва.

Кривокапиќ тврди дека во Темелниот договор нема суштински измени во однос на нацртот што на 21 јули беше испратен до Патријаршијата.

-Договорот може да се потпише до 4 февруари, верувајте дека се сомневам дека јас ќе го потпишам договорот, токму поради ваквите изјави. Таквите изјави му доаѓаа од страна на слични адреси и на блажено упокоениот митрополит Амфилохије. На едно прашање одговорив дека ова е игра на политичарите и од Црна Гора и од Белград, како и на голем број нарачани политички аналитичари, рече Кривокапиќ.

Црногорскиот премиер додава дека целта на сето ова е по 4 февруари да се појави спасителот на „ српството и СПЦ во името на некој друг“.

На прашањето кој тоа би бил од Црна Гора, Кривокапиќ кажа „некој од Социјалистичката народна партија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора