Кривокапиќ: Експертската влада е најдобар модел

Од:

Црногорскот премиер Здравко Кривокапиќ денеска објави дека многу внимателно ќе ги разгледа сите нови иницијативи и предлози за подобрување на работата на владата, кои дојдоа и ќе дојдат од претставниците на парламентарното мнозинство, а зад кои, како што наведе, стојат најмалку 41 пратеник.

Кривокапиќ на Твитер повтори дека е на мислење дека експертската влада е најдобриот модел за водење реформи и демократска транзиција и дека не значи дека експерти не можат да предлагаат и политичките партии.

„Владата останува посветена на договорот што го потпишаа тројцата лидери на коалицијата по 30 август, но и борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеењето на правото, што подразбира итни и неодложни промени во судството и обвинителството“, напиша Кривокапиќ.

Тој тоа го објави откако синоќа претставниците на ДФ и Демократите се договорија за реконструкција на актуелната влада, а еден од лидерите на ДФ, Небојша Медојевиќ, на денешната прес – конференција рече дека Кривокапиќ не може да биде шеф на нова влада.

Кривокапиќ и претставниците на УРЕ на Дритан Абазовиќ не учествуваа во договорот помеѓу ДФ и Демократите.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора