Кривокапиќ: Да изградиме подобра Црна Гора, ги повикувам сите млади од странство да се вратат

Од:

Кандидатот за мандатар на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ ги повика сите млади да се вратат во Црна Гора за да помогнат во изградбата на подобра држава.

„Младите се нашата иднина и движечка сила. Ги повикувам сите што се во странство да се вратат за да изградиме подобра Црна Гора“, напиша Кривокапиќ на Твитер.

Кривокапиќ оваа недела треба да започне разговори за составот на извршната власт, но најпрво ќе разговара со водачите на Демократскиот фронт, објави локалниот медиум „Дан“.

Тој на обвинувањата дека е предавник на црногорската нација одговори дека не е ниту просрпски ни проруски, туку процрногорски човек кој ќе ја врати надежта на народот и ќе изгради една подемократска Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора